Blanc

Blanc Архитектонско студио кое поставува нови стандарди во домувањето и инвестициите во недвижнини

Заситувањето со изградба во градското подрачје на Скопје предизвика потреба од ширење на градот, формирање на нови и раз...
24/04/2025

Заситувањето со изградба во градското подрачје на Скопје предизвика потреба од ширење на градот, формирање на нови и развој на постојните населби по неговата периферија и во околината. Овие населби имаат одличен потенцијал за раст, развој и започнување на нов бран на домување во станбени куќи, нешто што одамна е напуштено во градските рамки.

Една од главните причини за ваквиот начин на живот е можноста за работа од далечина која нуди флексибилност во однос на локацијата на домување. Во периодот што следи се очекува раст на овој тренд поради напуштањето на традиционалните работни места кои се фокусирани во градските средини.

Низ оваа објава разгледуваме дел од локациите во Скопје и околината кои периодов стануваат сè поатрактивни за изградба на нови станбени куќи. Нивната положба во однос на градот, поврзаноста, мирната и зелена средина нудат квалитетно домување, на страна од градскиот метеж и бучава.

Живеењето во куќа има голем број на бенефити кои значително го подобруваат квалитетот на домувањето. Чувството да се жив...
12/03/2025

Живеењето во куќа има голем број на бенефити кои значително го подобруваат квалитетот на домувањето. Чувството да се живее во дом креиран по сопствена мерка е незаменливо и овозможува задоволување на најспецифичните потреби и начин на живот.

Од друга страна пак, моменталната состојба на пазарот на недвижнини и екстремниот раст на цените на становите нé тера да ја преиспитаме исплатливоста на инвестицирањето во стан. Кога за помалку можеме да добиеме повеќе, тогаш подобрата опција станува повеќе од јасна.

Домувањето во индивидуални куќи во приградски населби е постојано растечки тренд кој веќе одамна владее во земјите од за...
26/02/2025

Домувањето во индивидуални куќи во приградски населби е постојано растечки тренд кој веќе одамна владее во земјите од западна Европа, САД и Австралија. Определбата за овој начин на живот е логична земајќи ги во предвид високите цени на становите во градските центри, нивната пренаселеност и метежот кој таа го носи.

Состојба пазарот на недвижности и лошиот сооднос на цените наспроти квалитетот на домување наговестуваат раст на овој тренд и на овие простори. Покрај високите цени, лошото урбанистичко планирање и загадувањето се едни од главните причини кои би влијаеле на напуштање на централното градско подрачје.

Од друга страна пак, живеењето во индивидуална куќа на мирна локација има голем број на придобивки, а повеќе за нив дознаваме во следната објава.

📍 Најчеста заблуда при формирањето на цената на станбениот простор е дека таа зависи исклучиво од нејзината локација. Ка...
04/02/2025

📍 Најчеста заблуда при формирањето на цената на станбениот простор е дека таа зависи исклучиво од нејзината локација. Како потврда за ова постојат статистички податоци според кои цената на становите во центарот на Скопје е највисока.

🤔 Дали е возможно квалитетот на домувањето да е највисок централното градско подрачје, дури и двократно подобар од некои од околните населби?

🏡 Низ следната објава дознаваме некои од клучните фактори, кои покрај квалитетот на просторот и градбата, значително придонесуваат за квалитетот на домувањето.

Помеѓу огласите за продажба на недвижности сведоци сме на сé поголемата пристутност на т.н. агенции за недвижности, кои ...
16/01/2025

Помеѓу огласите за продажба на недвижности сведоци сме на сé поголемата пристутност на т.н. агенции за недвижности, кои се во постојана борба за заработување на своите 2% агенциска провизија.

Овие „агенции“, често составени и од само едно лице, се не ретко со ограничена стручност, соодветна едукација и искуство за продажба на недвижностите кои ги огласуваат. Се чини дека нивната улога е единствено да објават најчесто аматерски фотографии, да споделат приближна локација и да постават цена која што ќе им овозможи солиден профит.

Опасноста од преземањето на пазарот на недвижности од страна на продажни агенти е одржување на високите цени преку нивна соработка и договори за зголемување на цените. Она што може да го направите за да се заштитите од инвестиција која нема оправдана вредност е да истражите што придонесува за квалитетот на еден недвижен имот. Повеќе за ова дознавате наскоро.

Mоменталната експанзија на станбена изградба во Скопје најдобро се гледа преку поголемите станбени комплекси кои се во ф...
08/01/2025

Mоменталната експанзија на станбена изградба во Скопје најдобро се гледа преку поголемите станбени комплекси кои се во фаза на изградба или се неодамна завршени. Анализата покажува дека по нивната изградба бројот на нови станови во Скопје ќе се зголеми за повеќе од 6150. Земајќи ја во предвид досегашната статистика за празни станови, најмалку 2000 од нив би останале празни.

Покрај овие поголеми станбени комплекси, сведоци сме на забрзана изградба на станбени објекти низ целиот град, особено во општината центар, каде и бројот на празни станови е најголем. Само во месец октомври 2024г. на теријторијата на Скопје издадени се 51 одобрение за градење, што ќе резултира со 471 нови станови, од кои 322 во општина Центар!

Се чини дека Скопје забрзано прераснува во инвеститорски протекторат, управуван од поединци со желба за брз профит наместо задоволување на потребите на граѓаните. Што го поттикнува растот и одржувањето на цените на недвижностите покрај недостатокот на пазарна логика дознаваме понатаму.

Секој трет стан во државата е празен, а општината Центар, во која најмногу се гради и цената на становите е највисока е ...
25/12/2024

Секој трет стан во државата е празен, а општината Центар, во која најмногу се гради и цената на становите е највисока е на убедливо прво место со 40.1% ненаселени станови, покажуваат статистичките податоци од 2021г. Доколку го земеме во предвид и постојано растечкиот тренд на иселување, градежната експанзија и зголемувањето на цените стануваат сосема нелогични.

Заклучокот е дека понудата на станови одамна ја има задоволено реалната потреба, а на купувањето на недвижнини се гледа како инвестирање на капитал. Како последица, поседувањето на стан прерасна во лукзус, отежнувајќи ја можноста за обезбедување на станбен простор за оние кои имаат реална потреба од дом.

Низ следната објава разгледуваме дали празните станови влијаат за забавување на изградбата на нови, како и анализа на тоа каде и колку се гради во главниот град.

Најчесто користен аргумент за зголемувањето на цените на недвижностите во изминатите години е вредноста на градежните ма...
18/12/2024

Најчесто користен аргумент за зголемувањето на цените на недвижностите во изминатите години е вредноста на градежните материјали. Во оваа објава ја анализираме цената на тргување на челичната арматура според податоците на Trading Economics, која има најголем удел во изведбата на нови објекти.

Доколку неа ја споредиме со цените на недвижностите во периодот на нивниот најголем пораст, во периодот од март 2020 до октомври 2021 тој е повеќе од оправдан бидејќи тогаш цената на арматурата се покачила за речиси 80%. Меѓутоа во периодот што следи арматурата се тргува по значително помала цена, достигнувајќи и нивоа пониски од почетокот на 2020 година, приближно на нивото по кое се тргува денес.

Дополнително, разгледувајќи ја стапката на инфлација можеме да забележиме пораст во истиот период (предизвикан од ковид пандемијата), по што следи период на нејзино нормализирање. Но и покрај ова цените на недвижностите продолжиле со линеарен раст во изминатите 4 години, надминувајќи ги стапката на инфлација и цените на градежните материјали.

Одговорот за ваквиот раст продолжуваме да го бараме низ следните објави преку анализи на побарувачката и реалната потреба за нови станови.

Во оваа објава го анализираме индексот на цени на станови, изготвен од страна на НБРСМ, врз основа на податоци кои се од...
11/12/2024

Во оваа објава го анализираме индексот на цени на станови, изготвен од страна на НБРСМ, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласени станови за продажба на територија на градот Скопје, заклучно со третиот квартал на 2024 година.

Од графиконот може да се забележи раст на цените во периодот од 2000г. до 2003г. за 27.5%, по кој следи период на стагнација, па повторен раст на цените од 2007г. до 2010г. за 27,2%. По ова следи период на стагнација, па дури и мало намалување на цените во период од 10 години, се до 2020г.

Од 2020 година, се до третиот квартал на 2024 забележан е досега невиден раст на цените на станови во изминатите 25 години. Во овој период е забележано зголемување на цените од 54%, што е дупло поголем раст од претходните 2 циклуси на пораст на цени.

Кој е главниот фактор за ваквиот пораст на цените и дали нивното покачување е соодветно дознаваме низ следните објави.

По подолга пауза blanc се враќа на домашната сцена, почнувајќи со анализи на пазарот на недвижнини. Што е актуелно, како...
04/12/2024

По подолга пауза blanc се враќа на домашната сцена, почнувајќи со анализи на пазарот на недвижнини. Што е актуелно, како се движат цените на недвижностите и дали истите имаат економска оправданост? Дали побарувачката на недвижнини произлегува од реалните потреби на граѓаните и кои фактори најмногу влијаат на цената?

Останете со нас во објавите кои следат за да ги дознаете одговорите на овие прашања, како и предизвиците и можностите кои произлегуваат во овие времиња.

Summer might be over, but it's never too late to enjoy a sunny day by the pool! ☀️🍹We are talking you to San Diego, CA, ...
03/10/2023

Summer might be over, but it's never too late to enjoy a sunny day by the pool! ☀️🍹

We are talking you to San Diego, CA, to enjoy our latest backyard remodeling proposal for a swimming pool & outdoor kitchen.

Вештачката интелигенција (AI) моментално е најпопуларната тема во светот на технологијата, благодарение на нејзината дос...
03/05/2023

Вештачката интелигенција (AI) моментално е најпопуларната тема во светот на технологијата, благодарение на нејзината достапност и широките можности за употреба.

Архитектурата е една од гранките во која AI ја наоѓа својата примена, пред се во креирањето на визуелизации со помош на внесување на текстуален опис. Ова им овмозможува на архитектите создавање на брзи проби и материјализација на своите концепти.

Приложените слики се генерирани со помош на AI, преку внесување на текстуален опис за екстериер на вила, со што се добиени различни резултати.

За крај, да нема заблуди, вештачката интелигенција не може во целост да го замени архитектот. Користејќи ги модерните алатки правилно, таа овозможува поголема брзина при носењето на одлуки и заштедува време при разработката на проектите. Важно е да напоменеме дека вистинската архитектура е многу повеќе од само атрактивна фасадна визуелизација.

Address

Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Blanc posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Blanc:

Share