Idea Interiors

Секој сака да живее во убав и функционален простор, и секој од нас може точно да замисли како треба тој простор да изгледа. Меѓутоа најчесто, процесот на креирање на истиот тој простор е проследен со голем број предизвици.
Интеграцијата на различните учесници во изведбата (од снабдувачи до изведувачи), разликата меѓу тоа што ни било ветено, а што испорачано во однос на рокови и квалитет на произв

одот одзема многу повеќе енергија отколку што првично сме планирале, и повторно не дава гаранција за финалниот изглед на просторот. Idea Interiors е основана за да ги направи овие работи наместо вас, а вие можете да одберете кога и колку сакате да учествувате во истото. Уште повеќе, направивме максимум оваа услуга секој да може да си ја дозволи.

Се продава стан во Скопје, населба Црниче, над МВР. Станбена површина 43м2 со 1 спална, високо приземје. Станот е со соп...
14/10/2019

Се продава стан во Скопје, населба Црниче, над МВР. Станбена површина 43м2 со 1 спална, високо приземје. Станот е со сопствено греење и мебел по мерка.
+Подрум 8м2.
Градба 2006г. Чист имотен лист.
Адреса Кратовска 1 (над Hi Skopje Hostel)
Цена: 1050eur/m2
Контакт телефон: 077 702 618

31/01/2015
30/01/2015
6 причини зошто да најмите професионалец за уредување на домотДоколку се уште не сте го направиле тоа, најмувањето помош...
29/08/2013

6 причини зошто да најмите
професионалец за уредување на домот


Доколку се уште не сте го направиле тоа, најмувањето помош во процесот на уредување на домот е дефинитивно нешто за кое треба да размислите.

Вклучувањето на професионалец при одлуките поврзани со ентериерот е паметна одлука доколку веќе инвестирате значајни средства во креирањето на нов или ре-креирањето на стариот простор, и сакате тој да изгледа најдобро што може кога ќе го покажете.

Без разлика на ентузијазмот и времето кое го имате на располагање за уредување, истенчениот вкус и бројот на списанија кои сте ги разгледале со конкретни идеи за тоа како ќе изгледа вашиот дом, следното сценарио е мошне веројатно:

Пред да стигнете до делот во кој сите уживаме, а тоа е изборот на бои, тапети и фини додатоци, треба да се соочите со серија градежни зафати, изнаоѓање, координирање и контрола на низа мајстори и одлуки поврзани со инсталации, изолации и останати “ирелевантности”. Тоа значи дека сте соочени со можности за серија грешки при изведбата и погрешни процени што ќе ве примораат да се навраќате на нешто што веќе било завршено. Еден ваков процес на одлуки за работи за кои малку знаете лесно ќе ве довдеде до ситуација да изгубите нерви и енергија, а често дури и желба за спроведување на најинтересниот дел на кој најмногу сте се радувале - а тоа е декорирањето.

Тоа значи дека е време да ја отфрлите идејата дека најмувањето дизајнер за ентериери е само за богати и славни, или барем само за оние кои имаат толку многу пари што не знаат што да прават со нив. Во суштина, најмувањето помош при уредување всушност ќе ви заштеди време, пари и многу нерви. Еве зошто!

1. Штеди пари
Можеби звучи чудно дека најмувањето на екстра лице при уредување на домот би го намалило вкупниот трошок кој ќе го имате за реализација на вашите идеи. Сепак, најмувањето стручна помош ќе ве заштити од правење на скапи грешки (погрешен редослед на спорведување на интервенциите што ве приморува да повторите една иста работа два пати, како на пример, повторно рушење, повторно кречење), но и од нестручни или неоговорни изведувачи (кои ќе ви ветaт многу, а ќе испорачаат производ кој нема да можете да го искористите).
На крајот, доколку планирате да го издавате или продавате уредениот простор, дизајнираниот ентериер ќе ви озвозможи еден посебен “wow” елемент кој секогаш ќе ја подигне неговата цена.

2. Професионална перспектива
Дизајнерот ќе ви даде професионална процена на вашата ситуација и ќе направи реалистичен и ефикасен план за акција. Ова се однесува како на редоследот на интервенциите, така и на процена што се може да се пренамени или преправи. Ова не само што ќе влијае на вкупниот буџет, туку и ќе помогне истиот поефикасно да се потроши.

3. Буџетирање и планирање
Дизајнерот ќе ви помогне да се додржите до вашиот буџет и ќе ви заштеди време и енергија. Тој точно знае каде да ги најде сите работи поврзани со вашиот дом, согласно со стилот и средствата кои сакате да ги потрошите. На овој начин тој ќе ви помогне да не потрошите повеќе отколку што имате, а и ќе ви заштеди многу време во истражување на производи, брендови и цени.

4. Партнер од доверба со важни контакти
Да се има професионален партнер во кој можете да имате доверба при спроведување на било која работа значи многу. Едноставно некој кој знае дека осветлувањето мора да се реши пред градежните работи и кој ќе ве потсети на време да ги нарачате оние елементи за кои подолго се чека за да немате празни периоди во процесот на реализација.
Доколку имате потреба тој секогаш може да ви обезбеди контакт со доверливи и квалитетни мајстори и изведувачи и на овој начин да осигура дека ќе добиете најголем квалитет за најмала цена.

5. Естетика и стил
Дизајнерот е професионалец кој може веднаш да ви каже што изгледа, а што не изгледа добро во еден простор. Да се има таа моментална можност за брза консултација е огромна предност при носењето естетски одлуки, особено кога знаете дека истата е резултат на години искуство.

6. “WOW” фактор
Дизајнерот ќе ви помогне да го добиете оној “WOW” момент кој секој од нас потајно го посакува. Моментот кога некој ќе влеза во вашиот дом и ќе биде едноставно воодушевен од тоа како истиот изгледа. Моментот кога вие самите нема да можете “да и се изнагледате” на дневната. Моментот кога “дома” е “како од списание”.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.ideainteriors.mk.

Idea Interiors. Кога ДОМА значи УБАВО.

| Кога дома значи убаво

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Idea Interiors posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share