Зоран Николовски - Архитект

Архитект - Зоран Николовски

Роден во 1968 год. во Битола, каде што завршил средно училиште за архитектура. Дипломирал на Архитектонскиот Факултет во Скопје, а потоа е ангажиран на повеќе проекти од областа на домувањето. Од 1999 година е хонорарен сценограф во македонска опера и балет во Скопје, и во театрите низ Македонија.
Изработил сценографии за повеќе од педесет оперски и театарски претста

ви, анимирани филмови, мјузикли и играни филмови.
Во 2011 година го изработува проектот и дизајнот (екстериер и ентериер) за музејската поставка во спомен куќата на Македонската револуција "Участакот" во Прилеп, како и музејската поставка во НУ Завод и Музеј во Прилеп.
Тој е еден од главните иницијатори за проектот на Општина Битола - "Битолска Опера", и првата оперска претстава "Don Pasquale" - G.Donizetti, каде ги изработи сцениграфијата и костимографијата.
Вработен е како архитект во Битолскиот Музеј. Од 2006 до 2010 ја извршувал функцијата Директор на НУ Завод и Музеј – Битола, кога беше отворена најимпозантната музејска поставка во нашата држава со преку 1300 арте-факти, заради што оваа институција ја доби престижната награда на ICOM (меѓународна организација на музеи), за најдобар музеј на Балканот за таа година.
Во брак е, и татко на две деца.
Редовен учесник на симпозиуми и конгреси. Со научни прилози учествувал во Истанбул (Р.Турција), Лондон (Велика Британија), Барцелона (Шпанија), Белград (Србија), Велико Трново и Стара Загора (Р.Бугарија) и др.
Од 2002 година е член на светската организација на архитекти, сценографи и филмски дизајнери "OISTAT".

21/12/2022

Aqua line – специјализирани за проектирање, дизајн и градежна изведба на сите видови базени и фонтани

Проект: Осветлување на битолските улици и булевари, со помош на “Зелена енергија”Старите канделабри за улично осветлувањ...
10/09/2021

Проект: Осветлување на битолските улици и булевари, со помош на “Зелена енергија”

Старите канделабри за улично осветлување, кои функционираат на електрична енергија, да се заменат со нови канделабри, кој светлината ќе ја добиваат со помош на турбини на ветар и фотоволтаични панели. Секој канделабра ќе има безбедносна камера, со 24 часовен надзор. Ова е голем капитален зафат, но заштедата на финансии од потрошената електрична енергија е повеќекратна. Заштедените сретства, можат да се искористат за нови градинки и реновирање на јавни објекти.

За материјалното и духовното (пишува Зоран Николовски)Во својот работен кабинет, големиот Ф. М. Достоевски имал приватна...
10/09/2021

За материјалното и духовното (пишува Зоран Николовски)

Во својот работен кабинет, големиот Ф. М. Достоевски имал приватна библиотека со преку четири илјади наслови, но само две книги секогаш се наоѓале на неговата работна маса: “Библијата” и “Дон Кихот”.

Кога еднаш го запрашале, зошто токму тие две книги се секогаш до него, тој одговорил: “Едната е световна творба, а другата е единствена транскрипција на световната творба од овоземен писател”, мислејќи на Мигуел де Сервантес. Во Новиот завет во Библијата ќе го сретнеме единствениот и вистински симбол на христијанството – Крстот. Составен од два дела: хоризонтален и вертикален дел.

Ште е претставува овој симбол ? Живеење по хоризонтала – материјалниот свет, и живеење по вертикала – духовниот свет. Токму оваа (овоземна) книга “Дон Кихот” е вистинско четиво и вистински прирачник, олицетворение на материјалното и духовното, преку ликот на Санчо Панса – материјалното , и Дон Кихот – духовното. Во една од најдраматичните епизоди на оваа книга, попот и берберот му ја “средуваат” библиотеката на Дон Кихот, со цел да му укажат на штетноста од книгите врз нековиот ум, а со тоа и да му го “олеснат” животот.....

Ех, што се дочека! Попот и Берберот, двајца брилијантни материјалисти, да му сугерираат на најголемиот идеалист Дон Кихот, што треба да чита, а што не! Двајца закоравени умови, се здружиле, и решиле да ги “претресат” светските библиотеки, за да го спасат човештвото од ИДЕАЛОТ. На луѓето “зркнати” по пари, не им треба идеал, а на тие истите, без идеал, не им треба ни љубов. Оти, што би правеле ние со љубовта, ако не ја идеализираме. Џабе ни е...

Ете, гледате, изборот не е многу голем. Или сте едно или сте друго. Нема трето. А, како што гледате тешко дека може, малку од едното, малку од другото. Не може. Изборот е личен и длабоко интимен, како “Слобода или смрт”. Или ќе се дружите и ќе им верувате на “поповите и берберите”, или ќе си ја сочувате интимната библиотека во Вашите чисти мисли... Оти твојата околина не се љуби со ум, туку со срце. Твојот роден град не се љуби со ум, туку со срце. А умот и срцето, одсекогаш биле во постојана меѓусебна кавга...

Тоа што за умот се парите, за срцето е љубовта.

Пишува Дипл.Инг.Арх. Зоран Николовски

Проект: Партерно уредување на плоштадот “Гоце Делчев”Плоштадот “Гоце Делчев” мора да добие нов изглед со ново партерно и...
09/09/2021

Проект: Партерно уредување на плоштадот “Гоце Делчев”

Плоштадот “Гоце Делчев” мора да добие нов изглед со ново партерно и хортикултурно решение. Централниот плоштад во Битола, не смее да биде паркинг за автомобили. Ова треба да биде осмислено место за дружење, одмор и забава. Со неколку фонтани во централниот дел на плоштадот, пешачки патеки, како и со многу зеленило и цвеќиња, овој парк во центарот на Битола, може да биде едно од најатрактивните места, кое ќе пулсира од рано наутро, до касно во ноќта.

08/09/2021
Човекот со образ (пишува Зоран Николовски)Зборот “ОБРАЗОВАНИЕ”, започнува со “ОБРАЗ”. Лексички, зборот ОБРАЗОВАНИЕ не мо...
07/09/2021

Човекот со образ (пишува Зоран Николовски)

Зборот “ОБРАЗОВАНИЕ”, започнува со “ОБРАЗ”. Лексички, зборот ОБРАЗОВАНИЕ не може без зборот ОБРАЗ, но во метафизичка или онтолошка смисла на зборот, може едно без друго.

Административното и дополнителното образование во текот на целиот живот е нужно и тоа како потребно, но тоа ни оддалеку не е гаранција дека ќе имаме “ОБРАЗ”. Образот (како таков), е колаж од многу животни ситуации, а можеби најголемо влијание врз чистотата на образот има генетската предиспозиција. Иако, во текот на целиот живот го “градиме” образот, сепак, човек со ОБРАЗ се раѓа. Зотоа ни треба образот, за врз него да го “накалемиме” образованието. Оти, нели, едно без друго – не можи ! Образот е визуелизација (слика) на нашата душа, транскрипција на табиетот. Тој (образот) не е нешто што се учи, нешто што може да се направи, купи или позајми. Образот едноставно, го имаме од памтивек, од дедо прадедо и така наназад, далеку во праисторијата.

Образот е пасош за образованието, а визата, е визата за тој пасош може да се заслужи (само) со постојана работа и постојана потрага по убавото. Не е важно дали се живее во мала средина или во голема метропола, околината наша секогаш ќе биде иста. Секогаш околу нас ќе има комшии, пријатели, лицемери, роднини, муви, пијаници, цвеќиња, улици, реки, небесен свод,...

А кога веќе околината секаде е иста и кога с'е е измислено, тогаш, наше е само како ќе ги составиме елементите, компонентите. Наше е само како ќе ја направиме композицијата. За неа (композицијата) вреди да се потроши цел еден живот, и не сум сигурен дека еден живот е доволно време. Потрагата по убавото е Боженствена работа и тука можеби се наоѓа нашата единствена и вистинска конекција со Севишниот, а тоа е - потребата да се твори. Господ Бог го створил светот и човекот, а ние како дел од таа Боженствена творба, ја имаме истата потреба – да твориме, да создаваме и на творбите да им даваме душа.

Мојот роден град Битола е токму таков град – град со душа и голема традиција. Но, тоа не значи дека во мојот град со ништо не треба да се интервенира, дека се' има и дека ништо не му недостига. Напротив, токму духот на овој град (и традицијата) не обврзуваат и апелираат на нас, да правиме убави работи, да градиме неповторливи нешта. А, потребата за нешто ново, убаво и неповторливо, или ја имате, или ја немате – нема трето. Потребата да се изгради нешто повеќе, не е нова и не е привилегија на денешното-модерно време. Потребата да се гради е многу стара. Таа е стара колку и ЧОВЕКОТ СО ОБРАЗ.

Дипл. Инг. Арх. Зоран Николовски

Проект: Велосипедска и трим патека  “Довлеџик”Ова е еден капитален проект, кој за битолчани многу ќе значи. Овие патеки ...
07/09/2021

Проект: Велосипедска и трим патека “Довлеџик”

Ова е еден капитален проект, кој за битолчани многу ќе значи. Овие патеки ќе ги користат како рекреативци, така и професионални спортисти. Велосипедската и трим патека ќе се протега од Црн мост, до базенот кај Довлеџик, во должина од 3км. паралелно по течението или во близина на р. Драгор, во недопрена природа, идеална за спортување. Патеката да биде целосно осветлена, за да се користи и ноќе, а може да биде опремена и со подно греење, за да може да се користи и во зимските денови.

Есеј за школката (пишува Зоран Николовски)Љуби го непријателот, како ближниот свој.Евангелие по Јован.Во најтемните дело...
06/09/2021

Есеј за школката (пишува Зоран Николовски)

Љуби го непријателот, како ближниот свој.

Евангелие по Јован.

Во најтемните делови на морскиот свет, на дното на морињата и океаните, испикана меѓу живописните гребени и корали, својот невидлив живот го живее школката. Се храни со планктони и морските алги, а се движи со помош на брановите и вртлозите во морската вода. Овој навидум мирен и невпечатлив организам, ни ја раскажува најдраматичната животна приказна, што и на секој од нас ни се случила барем еднаш во животот.....

За време на своето кратко и незабележително постоење, школката, го прави највредното и најскапоценото нешто во својот живот – БИСЕРОТ. При секое брановидно раздвижување на морското дно, (каде што школката свила свое гнездо), како неканет гостин и незграпен натрапник, ПЕСОКОТ, влегува во неа низ незините процепи, против нејзината воља.

Нејзината како свила мазна, исклучително нежна и прозрачна утроба, не е создадена за вакви “гости”. Таа не може да се справи со грубоста на гостинот, и нејзината нелагодност, преминува во очај. Песокот ја драска, греби и уништува, а школката не може да се ослободи од него и да го избрка. Таа нема екстремитети, со кои би го одстранила од себе. И тогаш ШКОЛКАТА, исправена пред предизвикот, што понатаму во својот живот, немајќи избор, решава од својот неканет гостин, од својот најголем непријател да го направи највредното нешто во нејзиниот живот – БИСЕРОТ, за што ќе го потроши целиот нејзин живот...

Школката умира истиот момент, штом заврши со вајањето на песокот и заврши со својот животен “проект” – БИСЕРОТ.

Школката почнува да живее за песокот. Во “борбата” со песокот, го потрошува целиот нејзин живот, и го прави највредното и најскапоценото – БИСЕРОТ.

Потоа, умира,......

БИСЕРОТ, и беше дозвола за да го напушти морскиот живот, и да замине од “другата страна”. БИСЕРОТ и беше пасош, за да отпатува на оној свет,......

Јас знам, драги мој читателу, дека и овоземниот наш живот, (на оваа тема) не е ни малку поразличен од морскиот живот и дека изобилува со не помалку драматични сцени, од оние на дното на морето. Многумина од нас (барем на кратко) во својот живот, ја имале судбината на школката. Да се справуваме со наразлични непријатели, и тоа сме го правеле на најразлични можни начини.

Па тогаш, ако не можеме да се однесуваме како школката, во најтешките моменти од нашиот живот, да се присетиме на животната агонија и големиот дострел на малата школка.

На тој начин (барем) ќе се утешиме, дека не ни било само нам, најтешко во животот...

Пишува: Дипл. Инг. Арх. Зоран Николовски

Проект: Летна сцена во битолскиот паркБитола има исклучителна потреба од изградба на (барем) една летна сцена. Локацијат...
06/09/2021

Проект: Летна сцена во битолскиот парк
Битола има исклучителна потреба од изградба на (барем) една летна сцена. Локацијата за ваква сцена е главната улица на битолскиот парк, т.е. во најтивкиот дел на Битола. Оваа летна сцена многу ќе придонедсе за едукација на најмладите битолчани, бидејќи тоа ќе биде место за дружење, забава и концерти под отворено небо. Ова ќе биде идеално место за изведување настава на отворено и музицирање на талентирани деца.

За зависноста од пофалби и благодарници (пишува Зоран Николовски)“Херпест” – се добива од неправда што Вам Ви е направен...
03/09/2021

За зависноста од пофалби и благодарници (пишува Зоран Николовски)

“Херпест” – се добива од неправда што Вам Ви е направена,

а не сте ја кажале никому.

т.н. “Прикриена неправда”.

(народно верување)

Заѕвони мојот телефон, и реков:

“Да”
А, од другата страна познат машки глас ми рече:

“ Добро кај си ? Таква “трезга” ти овозможив, а тебе те нема да се јавиш. Ме разбираш ?,...”
Јас го држев телефонот во рака со запрепастеност и со неверица за тоа што го слушам....По кратко време му одговорив:

“Не, не те разбирам”. Бидејќи навистина не го разбрав.
А познатиот машки глас ми рече:

“Е, ко ќе ме разбериш, јави се !”, и ми го затвори телефонот...
Познатиот машки глас и неговата гневна интонација, мислат дека јас сум неблагодарен и дека неговиот гест, недоволно сум го пофалил пред другите....

Останав така мумифициран уште некое време, а низ глава почнаа да ми се “шетаат” разни мисли, да ми се мешаат чувства на горчина и разочараност..... и за да не биде ова “прикриена неправда”, ќе ги споделам (ако ми дозволите) овие мои мисли и чувства со Вас...

Никогаш не сум имал проблем да го употребам зборот Благодарам. Не се плашам од тој збор, и не само што не се плашам, туку и многу го сакам. Сум го употребувал тој збор безброј пати, насекаде и во секоја прилика. Сум го употребувал толку многу, што понекогаш мислам дека сум претерувал.

Да му се заблагодарите некому, тоа значи дека сте спремни, во секое време да му возвратите со иста мерка, (ако не) и повеќе од тоа. Да му се заблагодарите некому, тоа значи дека со болдирани букви, неговиот гест, сте го “тетовирале” во Вашата емотивна мемориска картичка - еднаш за секогаш !

Кога од срце ќе покажеме благодарност кон некој што направил нешто убаво, ни дал подарок, ни кажал љубезен збор или ни помогнал, придонесуваме, тој истиот, да се почувствува ценет и почитуван. Дури и на непознатиот му е пријатно кога искрено ќе му се заблагодариме, за некој убав гест, на пример, ни задржал вртата од некој локал.....

Кога станува збор за тоа, дали некој добил благодарница или не, мислам дека на таа тема, постојат два типа на луѓе; Едни, кои после благодарноста што ќе им ја искажете, им се заруменуваат образите, сакајќи да речат дека нивниот гест не заслужува благодарност, дека не е тоа ништо, и вториот тип на луѓе, гладни и ненаситни за благодарници.

Тие (овие вторите) во толкава мера се егоцентрични, што мислат дека зборот “Благодарам” е измислен само за нив.

Тие едноставно мислат дека ја имаат “тапијата” врз тој збор. Дека само тие го заслужуваат. Тие се просто ненаситни на тој збор. Ним, веројатно (како со “Ампицилинот”) треба да им се заблагодаруваме на секои шест саати. И немојте (случајно) да поминат седум саати, а да не им се заблагодарите. Веднаш ќе Ве побараат, и ќе Ве најдат...

Луѓето што знаат да се заблагодарат се среќни, позитивни и исполнети. Чекорат напред и гледаат високо. За нив ништо не е тешко во животот. И се што прават, прават со “aлал”, со позитивна енергија. А, овие другите, “зависните”, тие никогаш не можат да бидат среќни, бидејќи секогаш ќе го имаат чувството дека Ним постојано некој, нешто, им должи. А тешко и несреќно се живее со таа мисла. Со мислата дека Ним, не им е доволно возвратено. Вашиот “долг” кон овие луѓе, никогаш не ќе можете да го вратете. Нивната “фактура” никогаш не ќе може да ја доплатите, секогаш ќе има уште...

E па, нели љубовта и добронамерноста се само давање, без чувство дека ќе Ви се возвратат , и дека (згора на тоа) и ќе Ви бидат благодарни ? Нели љубовта е едносмерна улица? Ако доброонамерноста и љубовта не ги давате со алал, тогаш, не ги давајте воопшто ! На никој не му треба таква добронамерност и таква љубов.

Ете, зошто јас немам проблем да се заблагодарам некому.

Благодарноста не е во нашите глави. Таа, (благодарноста), се наоѓа длабоко во најскриените фиоки на нашите срца. Еве, и сега, пишувајќи ги овие редови, чувствувам потреба да Ви се заблагодарам и Вам, за вниманието со кое го прочитавте ова мое размислување...

Ви благодарам,

Дипл. Инг. Арх. Зоран Николовски

Проект: Реконструкција на мостовите на р. ДрагорСо реконструкцијата на конструктивниот (носивиот)  дел и оградата на мос...
03/09/2021

Проект: Реконструкција на мостовите на р. Драгор

Со реконструкцијата на конструктивниот (носивиот) дел и оградата на мостовите на р. Драгор, ќе се подобри носивоста, а во многу ќе се подобри и визуелниот впечаток (изгледот) на мостовите. Ова е пример како може да изгледа мостот кај Безистенот, со целосно почитување на културното наследство и традицијата.

Проект: Светлосен пешачки преминСо изградба на вакви светлосни пешачки премини пред секоја градинка и пред секое училишт...
02/09/2021

Проект: Светлосен пешачки премин

Со изградба на вакви светлосни пешачки премини пред секоја градинка и пред секое училиште, ќе покажеме грижа за нашите деца и нивната безбедност. Овие пешачки премини, никогаш не се бришат и секогаш ќе ја исполнуваат нивната примарна цел – БЕЗБЕДНОСТ.

Address

2 Vtora Brigada
Bitola
7000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Зоран Николовски - Архитект posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share