INEN Dekor Dooel

INEN Dekor Dooel Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from INEN Dekor Dooel, Home decor, Industrial zone Krushevo Aldanci, Krusevo.

Производство на медијапански и дрвени врати-собни и влезни, прозори термо од најразлични видови на дрво со двојно и тројно застаклување, во модерен како и во стар стил ИНЕН ДЕКОР е претпријатие за производство на градежна столарија од дрво. Тоа е основна дејност според класификацијата на претпријатија по дејности и е распоредено во рангот на мали претпријатија.
Како занаетчиски дуќан за прв пат по

чна да работи летото 1972 година со една комбинирана дрвопреработувачка машина и ситен алат во една мала работилница од само 16 м2. Со голема упорност и залагање веќе во 1993 година се регистрира како приватно претпријатие, со модерни машини, повеќе вработени и работна просторија од 50 м2, за да се прошири во работилница со 500 м2 покриен простор во 2000 година.
Денес ИНЕН ДЕКОР располага со 800 м2 работен простор, сопствена сушара за дрво, складишен простор за сушена граѓа, целосно обновен машински парк, современа лакирница, и понатаму го следи трендот за развој и модернизација во склад со европските стандарди.
Градежната столарија - прозори, терасни врати, влезни и собни врати од разни видови на дрво, по стандардни и вонстандардни мерки земени на објект, се изработени по најновите стандарди за термо систем со меки линии. Заштитата на дрвото се врши со еколошки бои и лакови, полиуретански лакови или друга заштита во зависност од желбата на нарачателот.
Квалитетот, навремено изведување на работите, целосна одговорност, гаранција за секој производ се главните карактеристики на нашето претпријатие.
Специјалност со која можеме да се пофалиме е изработката на прозори и врати во стилот на старата македонска архитектура но во термо систем. Многу значајни објекти во стариот дел на Охрид заштитени како културно наследство - куќите на Уранија, Робевци, Узунов... ,во Битола на Широк сокак, конаци во манастирите Св. Јован Бигорски, Св.Наум, Стара На-ма а сегашна Експозитура на ПроКредит Банка во Струмица, Музејот на НОВ во с. Смилево, Куќата на Бинка во Крушево, објекти во Мала Преспа - Грција се опремени со наша дограма и ентериерно уредување.
Долгогодишното искуство допринесе да можиме да изработуваме квалитетни производи во сериско и вонсериско производство. Како подизведувачи учествуваме на повеке тендери за опремување на згради во и надвор од Македонија. Мотото за квалитет и навремено извршени договори се наш двигател.
Отворени сме за соработка со градежни фирми и индивидуални инвеститори.

Во духот на Велигден, Инен Декор Трејд Ви посакува празник исполнет со хармонија, топлина и префинета убавина во Вашиот ...
12/04/2026

Во духот на Велигден, Инен Декор Трејд Ви посакува празник исполнет со хармонија, топлина и префинета убавина во Вашиот дом.

Нека секој нов почеток биде изграден со љубов, квалитет и трајни вредности.
Среќен Велигден! ✨

🚪Во INEN Dekor Dooel создаваме врати кои не се само влез во вашиот дом или деловен простор – туку и одраз на стил, сигур...
17/02/2026

🚪Во INEN Dekor Dooel создаваме врати кои не се само влез во вашиот дом или деловен простор – туку и одраз на стил, сигурност и врвен квалитет.

📩 DM за ексклузивна понуда

🔹 Квалитет што трае. Дизајн што инспирира. 🔹Нашите врати се изработуваат со внимателно одбрани материјали, современа тех...
15/01/2026

🔹 Квалитет што трае. Дизајн што инспирира. 🔹

Нашите врати се изработуваат со внимателно одбрани материјали, современа технологија и прецизна завршна обработка, со цел да обезбедиме:
✔️ Долготрајност
✔️ Сигурност
✔️ Современ и елегантен дизајн
✔️ Изработка по мерка

📞Контактирајте нè и дозволете ни да ја креираме вратата по ваша желба!

☎️ 070 299 496 Viber & WhatsApp
🌐 www.inen-dekor.com.mk

Среќни сме што можевме да дадеме еден мал придонес во оваа голема иницијатива!
21/12/2025

Среќни сме што можевме да дадеме еден мал придонес во оваа голема иницијатива!

Нашата прва активност како ЛМС ги надмина нашите очекувања. Денес, благодарение на вас, добри луѓе, и благодарение на донаторите кои беа дел од акцијата „Подарок за твојот подарок – Фенерите на Диоген“, успеавме да собереме 416 (ЧЕТИРИСТОТИНИ И ШЕСНАЕСЕТ) новогодишни пакетчиња✨🎁
Вашата поддршка покажа дека кога сме обединети, можеме да направиме големи дела. Ви благодариме што ја ширите светлината на човечноста и што заедно го правиме нашето гратче поубаво❤️
Посебна благодарност до:

1. Општина Крушево
2. ИННЕН ДЕКОР
3. NextGen Academy
4. Вила Крушево Инн
5. Конак Хилтоп
6. Крушевски конаци
7. Гостилница Марчело
8. Стефо Јанкулоски
9. Empowering Krushevo
10. Almi tob
11. ПЗУ Лидија Кардула
12. Pub Istra
13. Вила Гора
14. Хотел Скорпион
15. Инфолимб
16. Тагас Балкан
17. Ѓоко транс
18. Кола Скопје
19. Музичка група Марифет
20. Советници во Советот на општина Крушево
21. Вработени во Стокомак

28/11/2025
Нека огнот на Илинден гори во нас и ги води идните генерации.Честит Илинден од тимот на Инен Декор Трејд!
02/08/2025

Нека огнот на Илинден гори во нас и ги води идните генерации.

Честит Илинден од тимот на Инен Декор Трејд!

▫️ Влезна врата со автентичен дизајн, совршено вклопена во духовен и традиционален амбиент.Комбинацијата од масивно дрво...
24/07/2025

▫️ Влезна врата со автентичен дизајн, совршено вклопена во духовен и традиционален амбиент.
Комбинацијата од масивно дрво, длабока резба и декоративно стакло ја прави уникатно парче занаетчиска уметност.

🔨 Прецизна рачна изработка
🌳 Висококвалитетно дрво

📩 Контактирајте нѐ за нарачки по мерка.

Address

Industrial Zone Krushevo Aldanci
Krusevo
07550

Opening Hours

Monday 07:00 - 15:00
Tuesday 07:00 - 15:00
Wednesday 07:00 - 15:00
Thursday 07:00 - 15:00
Friday 07:00 - 15:00
Saturday 07:00 - 15:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when INEN Dekor Dooel posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to INEN Dekor Dooel:

Share

Category