27/07/2021
Тимот на нашата маркетинг агенција Cyberlink Media бара нови млади лица желни за знаење, со кои ќе ги споделиме нашите искуства. Ако имаш креативен ум, истражувачки дух и желба за континуирано учење, ти си вистинскиот човек за нашиот тим. Потребни ни се тројца практиканти со кои заедно ќе учиме, напредуваме и ќе изработуваме нови иновативни креативни дигитални кампањи за нашите клиенти.
Ти си соодветен кандидат доколку:
- Си при крај со твоите студии
- Си „зависен” од социјалните мрежи, постојано објавуваш статуси, комуницираш и проверуваш што има ново на “feed”
- Те бива за сурфање ☺ и одлично се снаоѓаш со декстоп и мобилни апликации
- Имаш желба континуирано да ги надградуваш своите технолошки и комуникациски вештини
- Умееш со зборови и одлично го владееш македонскиот јазик (пишана и говорна форма)
- Одлично го владееш англискиот јазик и знаеш буквално и преносно да преведуваш (пишана и говорна форма)
- Имаш остро око за детали
- Знаеш или те интересира да научиш графички дизајн
- Имаш одлични комуникациски способности
- Брзо осамосталување во работата
- Дополнителна предност може да биде ако го владееш албанскиот jaзик, имаш афинитети кон автомобилите и автомобилска индустрија или кон козметика и козметички производи
Обврските ќе вклучуваат:
-Ажурирање на профили на социјалните мрежи
-Подготовка и/или превод на содржински планови
-Подготовка на креативи (фотографии)
-Подготовка на кампањи, мониторирање и оптимизирање
(Facebook, Instagram, LinkedIn, Mailchimp, Google Ads)
-Изработка на извештаи
-Идентификување на новите трендови во индустријата и следење на можностите и потребите за дигитални маркетинг кампањи
Платената пракса е во времетраење од 3 месеци со можност за продолжување или воспоставување на редовен работен однос.
За да аплицираш, испрати ни мејл на [Email hidden] со наслов на мејлот: Praktikant Cyberlink Media. Прикачи го и твоето CV, пиши ни што најмногу те интересира во дигиталниот маркетинг и зошто да те избереме токму тебе. ☺