Ателје Проектинг

Ателје Проектинг архитектура, проектирање, инженеринг, дизајн на ентериер, 3Д моделирање, дизајн

АТЕЛЈЕ ПРОЕКТИНГ е архитектонска фирма основана во 1990 година во Скопје од архитектите Илија и Моника Стојчевски. Триесет години проектираме објекти за домување, комерцијални и општествени објекти и ентериери за истите.

Во моментот Ателје проектинг е фамилијарна фирма со две генерации архитекти, каде младоста и креативноста се надополнуваат со искуството. Нашите архитекти, дизајнери, како и стр

учни соработници се високо образовани со овластувања за сите фази во проектирањето. Поседуваме потребни лиценци за проектирање, надзор и ревизија во рамки на државата.

Кон секој проект пристапуваме со посветеност, се трудиме да ги задоволиме потребите и желбите на клиентот, но секогаш тежнееме тоа да биде во согласност со стручните стандарди, прописи и нормативи.

Со примена на нови и современи компјутерски софтвери овозможуваме прецизно и детално изработување на проекти, како и 3Д визуално претставување на истите со што инвеститорите можат подобро да го визуелизираат својот проект.

Наша цел е да создаваме современи, квалитетни технички решенија, со нагласена функционалност, со еколошки материјали, енергетски ефикасни објекти и оптимална конструкција.

Услуги кои ги вршиме:

Проектирање на архитектонски објекти
Изработка на архитектонски проекти
Изработка на проект за дизајн на ентериер
Изработка на 3D модели, визуелизација и анимација
Дизајн и проектирање на мебел и опрема
Стручен надзор над изградба на објекти
Стручна ревизија на проекти

22/01/2024
Дизајн на мал стан во неутрални тонови               Малите станови изгледаат  хармонично кога се уредени со сродни бои ...
01/09/2022

Дизајн на мал стан во неутрални тонови
Малите станови изгледаат хармонично кога се уредени со сродни бои кои не прават голем контраст. Ѕидовите се чисти без непотребни мебел и украси, освен тапетот со дискретен дезен. Секогаш во дизајнирањето на ентериерите се трудиме функционално да го уредиме просторот со минимум мебел. Иако максимата “less is more” понекогаш звучи досадно, навистина е во суштината на нашите дизајни. Бидејќи едноставниот и функционален дизајн е најтешко да се создаде.

Летото е во тек, а бидејќи овој период често го користите и за обновување на домот со вас споделуваме неколку “мини” лет...
13/07/2022

Летото е во тек, а бидејќи овој период често го користите и за обновување на домот со вас споделуваме неколку “мини” летни трендови за декорација
✔️Глинените вазни и садови се дел од “рустичниот” тренд кој неколку сезони веќе се провлекува. Со своите бои и текстура која е несовршена внесува автентичност во ентериерот. Површината е рапава и понекогаш груба, а видливи се и неправилности. Преовладуваат земјени тонови, нијанси кои се среќаваат во природата како беж, кафена, теракота и маслинесто зелена. Овој тип декорација подеднакво се вклопува и во внатрешноста на домот, но и надвор.

✔️Се почеста инспирација за декор на ѕидот во трпезаријата е аранжман од чинии на ѕид. Доколку имате наследено винтиџ чинии кои имаат уникатен изглед, нема подобар начин да ги искористите освен како декорација. За успешна композиција важно е добро да испланирате како ќе ги поставите чиниите, да бидат ускладени според големина и да имаат компитабилен дизајн. Стилот и дизјанот на чиниите може да биде различен традиционален, ориентален, кинески, марокански, и сл, но важно е варијацијата на бои да ја ускладите со просторот.

✔️Мебелот од ратан исто така е тренд кој во повеќе наврати се повторува и актуелизира. Карактеристичен е за примена во екстериерот, но и во ентериерот. Покрај најпопуларните фотелји од ратан, како и сетовите за на тераса, во ентериерите е многу популарен и на вратничките од плакари и комоди. Неговиот изглед носи со себе асоцијации за егзотични тропски дестинации и спонтана ноншалантност. Доколку оваа сезона купувате ново парче за домот- тоа нека биде со детаљ од ратан.

✔️Морските мотиви се меѓу омилените зарад тоа што не асоцираат на најубавит дел од годината- периодот кога сме на море. Наутичките симболи, школки, ортоми и шарата со риги се најпрепознатливи но и најочигледни и не би се вклопиле во секој ентериер. Дискретната декорација со мотиви инспирирани од морето изгледа подобро во домот. Може да се постигне со врамување голема фотографија од едрилица, или панорамски фотографии на морска шир. Различни дискретни аранжман на камчиња и школки во стаклени садови исто така би биле убава идеа.

☀️Летото е во тек, а бидејќи овој период често го користите и за обновување на домот со вас споделуваме неколку “мини” л...
13/07/2022

☀️Летото е во тек, а бидејќи овој период често го користите и за обновување на домот со вас споделуваме неколку “мини” летни трендови.
✔️Глинените вазни и садови се дел од “рустичниот” тренд кој неколку сезони веќе се провлекува. Со своите бои и текстура која е несовршена внесува автентичност во ентериерот. Површината е рапава и понекогаш груба, а видливи се и неправилности. Преовладуваат земјени тонови, нијанси кои се среќаваат во природата како беж, кафена, теракота и маслинесто зелена. Овој тип декорација подеднакво се вклопува и во внатрешноста на домот, но и надвор.

✔️Се почеста инспирација за декор на ѕидот во трпезаријата е аранжман од чинии на ѕид. Доколку имате наследено винтиџ чинии кои имаат уникатен изглед, нема подобар начин да ги искористите освен како декорација. За успешна композиција важно е добро да испланирате како ќе ги поставите чиниите, да бидат ускладени според големина и да имаат компитабилен дизајн. Стилот и дизјанот на чиниите може да биде различен традиционален, ориентален, кинески, марокански, и сл, но важно е варијацијата на бои да ја ускладите со просторот.

✔️Мебелот од ратан исто така е тренд кој во повеќе наврати се повторува и актуелизира. Карактеристичен е за примена во екстероерот, но и во ентериерот. Покрај најпопуларните фотелји од ратан, како и сетовите за на тераса, во ентериерите е многу популарен и на вратничките од плакари и комоди. Неговиот изглед носи со себе асоцијации за егзотични тропски дестинации и спонтана ноншалантност. Доколку оваа сезона купувате ново парче за домот- тоа нека биде со детаљ од ратан.

✔️Морските мотиви се меѓу омилените зарад тоа што не асоцираат на најубавит дел од годината- периодот кога сме на море. Наутичките симболи, школки, ортоми и шарата со риги се најпрепознатливи но и најочигледни и не би се вклопиле во секој ентериер. Дискретната декорација со мотиви инспирирани од морето изгледа подобро во домот. Може да се постигне со врамување голема фотографија од едрилица, или панорамски фотографии на морска шир. Различни дискретни аранжман на камчиња и школки во стаклени садови исто така би биле убава идеа.

Во овој пост ви презентираме дизајн на кујна кој го дизјаниравме и изведовме неодамна. “Класичните” кујни се меѓу најбар...
27/06/2022

Во овој пост ви презентираме дизајн на кујна кој го дизјаниравме и изведовме неодамна. “Класичните” кујни се меѓу најбараните, во последно време и убаво се вклопуваат во различен стил на ентериери. Профилацијата на вратнилките и изборот на рачки даваат индивидуален печат на дизјанот.
Нијансата “greige” која е кованица од “gray” и “beige” е меѓу најпопуларните неутрални бои во моментот.
Примената на дрво (природно или дрвен дизајн) во кујната дава топлина во комбинација со останатите ладни тонови. Комбинацијата на бои и материјали како и детали ја прават кујната да изгледа луксузно и елегантно.

25/05/2022
26/04/2022

Спалната соба е најинтимниот дел во домот во која поминуваме голем дел од животот. Заради помалата површина што ја зафаќа често е запоставена во уредувањето. Во неа...

18/03/2022

Бањата како најмала просторија во домот навидум е лесно да се уреди и често се запоставува. Доколку сакате да постигнете беспрекорен дизајн потребно е добро планир...

Презентираме дел, од еден за нас драг проект за дизајн на ентериер на сала за пилатес. Со мали промени во просторот и вн...
07/03/2022

Презентираме дел, од еден за нас драг проект за дизајн на ентериер на сала за пилатес. Со мали промени во просторот и внимателно планирање и дизајнирање според потребите може да се добие хармоничен и функционален простор. Погледнете ги примерите како го трансформиравме и подобривме студиото за пилатес. Користевме едноставни решенија, чисти линии и модерен дизајн за да ги соединиме сите барања за просторот и естетиката.

22/02/2022

На почетокот на новата година многу дизајнери прават избор на трендови во уредувањето кои сметаат дека ќе преовладуваат во периодот што следи. Од Ателје Проектинг ...

Address

Razlovecko Vostanie 26
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+38923063006

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ателје Проектинг posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Ателје Проектинг:

Share