Алфа Импорт е формирана 1994 година и континуирано брзо се развива како приватно поседувана фирма, од професионалци со истакнато искуство и знаење и јасна визија да воспостават нови стандарди во продажно-дистрибутивното деловно работење во областа на градежништвото. Нашата фирма ALFA IMPORT со седиште во Скопје успешно и квалитетно работи веќе 20 години на македонскиот пазар како независна фирма
со приватен капитал во областа на градежништвото и градежните материјали. Полето на делување на Алфа Импорт опфаќа дистрибуција на сите стоваришта во Македонија.
Главно мото на фирмата е Сигурност и истрајност во градењто.
Соврeмените процеси на генерирање вредности кои ги поседува нашата фирма овозможуваат ефикасно,ефективно и проактивно деловно работење со што ги докажува својата долгорочност, стабилност, квалитет и достојност кон она што го работи. Дејствуваме со големо внимание, посветеност и компетентност. Денес, кон нашите потрошувачи пристапуваме искрено и одговорно, настојувајќи грижливо да ги задоволиме сите нивни барања. Искуствоto и ентузијазамoт се препознатлива карактеристика која овозможува следење и прилагодување на потребите на градежниот пазар во Македонија.
Уште од почетокот на својата работа, ALFA се позиционира на пазарот, како стручно-ориентирана компанија, која професионално се занимава со работи од областа на градежништвото, трговија со градежни материјали и недвижен имот.
Главна дејност на фирмата е увоз, продажба и дистрибуција на големо со висококвалитетни градежни материјали, фасадни цигли, покривни системи, материјали за градба, термоизолациони системи , хидроизолација и градежни лепила. Во периодот од 2008 година е вклучена во изградба на станбени и деловни објекти во неколку наслеби во Скопје. Становите се градени според најновите европски стандарди и норми, најнови прописи за енергетски-ефикасни објекти, геомеханичка стабилност и асеизмичка сигурност. Главните активности се однесуваат на развојот и работењето на станбените објекти за индивидуално и колективно домување.
Алфа Импорт има продажен салон за градежните призводи во Скопје, сместен во Источна индустриска зона – Маџари, стовариште “Туртел“.
1. СОРАБОТКА
Алфа Импорт е екскузивен увозник и застапува познати странски реномирани комапнии како Univerzum Kurbshnica, Toza Markovic Kikinda, Zorka Opeka Shabac, Rapid Apatin, Bitumenka Saraevo, Terran Ungarija исто така увезува од познатите градежно-производствени компании како Ursa, Kanuf Insulation, Potisjle Kanjiza (TONDACH) I Xella корпорација.
Од почетокот па се до денес Alfa Import гради препознатлив имиџ, базиран на доверба, лојалност и блиска соработка со партнерите.
Лојалноста и посветеноста се обврски кон нашите клиенти. Вредностите ги отсликуваат нашите ги градиме со нашите вработени, клиенти и останатати соработници. Тие вредности се нашата култура и начин на спроведување на нашата визија. Довербата, Сигурноста, Посветеноста, Комуникацијата, Тимската работа и Иновативноста се сликата на нашата фирма.