Добредојдовте на официјалната страна на ФЕРОЕЛЕКТРО!
ФЕРОЕЛЕКТРО ДОО е основана во 1992 година, од страна на г-дин Бијељанин Гојко.
На самиот почеток основна дејност на истата беше увоз на електро материјали кои беа продавани на Електродистрибуциите низ Р. Македонија.
🏡 Нашата градинарска приказна започнавме да ја пишуваме во 1996 година кога за прв пат ги увезовме првите косалки за трева (елек
трични и бензински).
Набргу потоа испишавме цели фермани на оваа тема и за кусо време станавме лидери во областа на градинарските артикли: косалки, трактор косалки, прскалки за трева, градинарски алатки и др..
Веќе долги години соработуваме со реномирани фирми како што се: MTD, IKRA, MAX, Xcellent, ENOITALIA, ROVER POMPE, LEA, INTEX и сл.
Вложуваме константни напори за да бидеме во тек со потребите на нашите потрошувачи и постојано да ја зголемуваме палетата на производи.
Со многу елан Ви стоиме на раполагање, подготвени да излеземе во пресрет на секое Ваше барање и потребa, надевајќи се на долгорочна деловна соработка со Вас. 📝