Со нашиот тим од искусни архитекти и градежни инженери, изработуваме проектна документација (проекти), студии, елаборати, анализи, експертизи и друга документација која е во согласност со стандардите, нормативите и прописите за проектирање и архитектонско обликување на градбите.Ги изработуваме сите фази во процесот на проектирање:
архитектура
водовод и канализација
статика
електротехнички инстала
ции
термoтехнички инсталации
против пожарна заштита
безбедност и заштита при работа
и други проекти и елаборати во зависност од намената на градбата
Во Уника се изработува и 3Д визуелизација на посакуваниот објект, ентериер,партер, фаза, или било каков дизајн, исл. со висок квалитет и постигнување на реалност се со цел да можеме да го доловиме посакуваниот ефект а вие да го видите тоа пред било што да биде изведено.
Уника поседува
А и Б лиценци за проектирањe на градби од прва и втора категорија
А и Б овластувања на проектантите за проектирање, ревизија и надзор
• “УНИКА” дизајнира и создава комплетни проекти, во склоп со потребите и желбите на клиентите.
• “УНИКА”- не е само архитектонско студио со високо квалификувани вработени, туку представува унија од професионални и квалитетни експерти од сите области на архитектурата и дизајнот.
• Сите елементи од процесот на изработка на проектот и неговата изградба се во блиска интеракција помеѓу инвеститорот и компанијата, со што се создава естетски, ергономски и економски издржан објект.
• Флексибилната структура на архитектонското студио “УНИКА” овозможува создаварање на проекти од секоја категорија и квадратура, односно монгу повеќе од само брзо, ефикасно и комплетно организирање на волумен и простор.
• Во зависност од комплексноста и волуменот на идниот објект ,студиото “УНИКА” формира тим од главен архитект и соработници од сите области кои го водат проектот од самиот почеток до крајот.
• Секој проект го има истиот третман, внимание и контрола од страна на тимот на “УНИКА” во сите фази на изработка, што се должи на огромното искуство и големиот број на изработени проекти во текот на изминатите 14 години.
• Тимот , проектите, квалитетот и искуството на “УНИКА” постојано се зголемува, ги менува своите граници и погледи и го следи светкиот тренд , со што создава препознатливи дела.