10/10/2016
ЗОШТО ДОМО ЧИСТ!!!
Веќе долго време во период од 18 години нашата компанија Џорџ дооел- Велес, се занимава со продажба на подни облоги.Исто така се занимаваме и со корегирање на веќе користени подлоги(теписи ,патеки,теписони...)нивно подскратување и обшивање.
Во нашата пракса работиме со нови теписи и многу добро ни е познато како треба да се негува еден тепих.Многу често знаеме да слушнеме од нашите клиенти "Го однесов тепихот на перење и се уништи доби непријатна миризба,не е квалитетен".
За квалитетот на теписите можеме да говориме долго.Има различен вид на теписи според составот и чворажата,но начинот на кој се негуваат теписите е сличен за секој вид.
Многу важно е да се одстрани ситниот прав со тресење кој е наталожен длабоко во флорот на влакното.Бидеќи ако не го остраниме тој е виновникот за непријатниот мирис кој се јавува после сушењетоПосле тресењето тепихот се шампонира со соодветен детергент кој со помош на ротирачките четки,се одстранува нечистотијата од влакното и со самото тоа се подкрева флорот на влакното.
Додека чистењето на теписите со млаз вода под притисок го прави спротивното,нечистотијата ја набива во основата на тепихот и ја уништува структурата на тепихот(флорот-влакното остануваат набиени).
Исто така важно е да се напомене дека со доплнителното плакнење во центрифугата се одстрануваат остатоците од детергентот.Само со центрифугирањето се одстранува и до 90% влажноста .
Долговечноста на тепихот се намалува и со дирекна изложеност на сонце.Сушењето се врши во затворена просторија во која имаа соодветен провев.