13/02/2020
Не менувајте го домот!
Сменете го распоредот!
Комотно за секоја генерација
Промените во секој дом се неопходни затоа што потребите на семејството
се менуваат повеќе пати во текот на животот. Во еден период ви е најважна
пространа дневна соба, за по неколку години да ви затреба една дополни-
телна детска или работна просторија.
Кнауф ѕидовите ви го овозможуваат токму тоа: едноставно да го прилаго-
дите просторот според новите потреби. Брзо и чисто, без прашина, шут и
дополнителна влага, може да го преградите дневниот престој, да ја проши-
рите детската соба, да ја преместите вратата.
Функционалноста не завршува тука: треба ли да спроведете инсталација
за кабелска телевизија или телефонски кабел; да извлечете струја и да
поставите штекер онаму каде што нема; или црево за новиот клима уред...
Повеќе не е потребно новите инсталации да ги водите видливо покрај вра-
тите или под плафонот. Сите дополнителни интервенции можат лесно и без
штемување да ги изведете во Кнауф ѕидот.
За прицврстување на слика, полица или висечки елемент на Кнауф ѕидо-
вите, тоа се прави едноставно и сигурно! И не заборавајте притоа дека
наместо обичните типли постојат посебни, типли за шуплив ѕид, кои може
да ги купите во најблиската продавница за градежни материјали.